• четврток, 04 декември 2025

Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2

Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2

Лион, 25 јуни 2025 (МИА) - Олимпик Лион објави доцна во вторникот дека „веднаш ќе се жали“ на одлуката на францускиот фудбалски финансиски регулатор ДНЦГ да ги исфрли во Лига 2, објавија француските медиуми.

-Ќе се жалиме за да ја докажеме нашата способност да ги обезбедиме потребните средства за да го гарантираме останувањето на клубот во Лига 1. Во последните месеци, тесно соработувавме со ДНЦГ, исполнувајќи ги сите барања со инвестиции кои беа поголеми од потребните, соопшти Олимпик Лион, кој континуирано игра во првата француска лига од 1989 година.

Благодарение на свежите средства од акционерите и продажбата на уделот во Кристал Палас, буџетот на клубот значително се подобрил и тој има значителни средства за сезоната 2025-2026, тврдат уште од Лион.  дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан