• недела, 22 декември 2024

Лингард сака да ја продолжи кариерата во Италија

Лингард сака да ја продолжи кариерата во Италија
Манчестер, 3 јуни 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард може да ја продолжи кариерата во италијански Интер, пренесува „Метро“. Според изданието, 27-годишниот Англичанец контактирал со неговите поранешни соиграчи на Јунајтед - Ешли Јанг и Крис Смолинг за да ги праша за животот во Италија. Претходно беше објавено дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да го продадат Лингард за 20 милиони евра. Оваа сезона играчот од средниот ред има 2 гола на 35 натпревари за англискиот тим на сите турнири.

Тагови

Остани поврзан