• среда, 02 октомври 2024

Лимко Бејзароски нов претседател на КСЗД, заменик-претседател Флора Кадриу

Лимко Бејзароски нов претседател на КСЗД, заменик-претседател Флора Кадриу

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Лимко Бејзароски е нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Како што информира КСЗД, по принципот ротирање на претседателското место, на 18-та седница одржана на 1 октомври 2024 година, членовите го избрале Лимко Бејзароски за нов претседател на КСЗД.

За заменик-претседател на Комисијата назначена е членката Флора Кадриу.

Досегашен претседател на КСЗД беше Игор Јадровски. мд/сст/

Фото: КСЗД 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан