Лимани: Во завршна фаза е новиот Закон за социјално претпримеништво
- Законот за социјално претпримеништво е во завршна фаза, истакна на денешната прес-конференција министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој одговараше на новинарско прашање, до каде е постапката за донесување на новиот Закон за социјално претпримеништво. Забележа дека за кратко време ќе биде завршена целата процедура од страна на сите кои учествуваат во негова изготовка.

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Законот за социјално претпримеништво е во завршна фаза, истакна на денешната прес-конференција министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој одговараше на новинарско прашање, до каде е постапката за донесување на новиот Закон за социјално претпримеништво. Забележа дека за кратко време ќе биде завршена целата процедура од страна на сите кои учествуваат во негова изготовка.
- Усогласување е направено со сите институции со кои се спори. Наша цел е секој Закон којшто ни ги отвара вратите на оваае Европска унија да се подготват и истовремено да ги поминуват сите филтри од нашето министерство во Влада и до Парламент. Мислам дека за кратко време ќе биде и целата оваа процедура завршена, вели Лимани. вдј/аа/
Фото: МИА