• петок, 05 декември 2025

Лилард стана генерален менаџер на универзитетски тим

Лилард стана генерален менаџер на универзитетски тим

Портланд, 3 август 2025 (МИА) - Плејмејкерот на Портланд, Дамијан Лилард, стана генерален менаџер на тимот на Универзитетот Вебер Стејт, кој игра во НЦАА првенството.

- Успехот на програмата многу ми значи. Чувствувам дека можам да направам многу за програмата да биде успешна, да им помогнам на играчите, дури и индивидуално, да продолжат да ги развиваат своите кариери по колеџот, и тоа е она за што сум страстен, го цитира „Стандард-Егзаминер“ 35-годишниот Американец.

Лилард играше за Вебер Стејт од 2008 до 2012 година. 

Минатиот месец кошаркарот се врати во Портланд, за кого играше од 2012 до 2023 година во НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан