• недела, 22 декември 2024

Лидија Тасевска: Новата учебна година започна успешно, образовниот систем е целосно подготвен

Лидија Тасевска: Новата учебна година започна успешно, образовниот систем е целосно подготвен
Скопје, 2 август 2021 Новата учебна година успешно започна со отворени училишта за сите ученици во основното и средното образование. Над 187.000 основци и 70.000 средношколци, со почитување на сите здравствени протоколи, по една и пол година учење на далечина седнаа во своите клупи. Нема подобра опција од настава со физичко присуство, затоа апелираме до наставниците, учениците и родителите доследно да се придржуваме до мерките, бидејќи така ќе одржиме континуитет на настава со физичко присуство и истовремено ќе го заштитиме јавното здравје. Образовниот систем е целосно подготвен, функционираат сите мерки за заштита на здравјето, се почитуваат протоколите за работа со физичко присуство на учениците и наставниците. Во изминатиот период имаше интензивни подготовки, следејќи ги препораките на надлежните здравствени институции, но и на светските организации како СЗО и УНИЦЕФ. Се изработија протоколи за работа и се преземаа сите други безбедносни мерки од здравствен аспект за да можат училиштата повторно да работат со физичко присуство на учениците и наставниците. Тоа денеска резултира со успешен старт на учебната година. Подготвени се уште две резервни сценарија, а дали и кога ќе се применуваат ќе зависи од епидемиолошката состојба за што проценка ќе прави и ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести. Целта на СДСМ и на институциите што ги предводи е квалитетно и современо образование за секое дете. Затоа продолжуваме континуирано да инвестираме во образовниот систем и во образовниот кадар. Го унапредуваме образованието, за подобро утре за идните генерации.
Центар за комуникации на СДСМ
______________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан