• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лига на нации: Македонските фудбалери го совладаа Гибралтар

Лига на нации: Македонските фудбалери го совладаа Гибралтар
Гибралтар, 5 јуни 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва на гостувањето во Гибралтар ја оствари зацртаната цел и со триумф од 2-0 (1-0) ја забележа првата победа во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации. Избраниците на селекторот Благоја Милевски поведоа во 20. минута со десеттиот репрезентативен гол на Енис Барди, а печат на победата стави Бобан Николов во 84 минута. По воведното реми против Бугарија во Разград и победата над Гибралтар, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунскиот циклус во Лигата на нации со два натпревари на домашен терен. На 9 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува Грузија, додека идната недела следува реваншот против Гибралтар. ег/дма/

Остани поврзан