• петок, 05 декември 2025

Ливерпул ќе направи рекорден трансфер со Исак по заминувањето на Дијаз

Ливерпул ќе направи рекорден трансфер со Исак по заминувањето на Дијаз

Ливерпул, 28 јули 2025 (МИА) – Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак, е блиску до приклучување кон Ливерпул.

Според новинарот Фабрицио Романо, клубот од „Енфилд“ е подготвен да плати околу 74 милиони евра за 25-годишниот Швеѓанец, средства што ќе ги добијат по продажбата на Луис Дијаз.

Исак е главна трансфер цел на Ливерпул за ова лето.

Шведскиот фудбалер одигра 42 натпревари во сезоната 2024/25, постигнувајќи 27 гола и шест асистенции. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан