• петок, 05 декември 2025

Ливерпул се согласи да плати 150 милиони евра за Вирц

Ливерпул се согласи да плати 150 милиони евра за Вирц


Лондон, 11 јуни 2025 (МИА) – Англискиот шампион Ливерпул ги договори сите детали со Баер Леверкузен во врска со трансферот на играчот од средниот ред Флоријан Вирц (22) и за негово комплетирање престанува задолжителниот лекарски преглед и потпишување на договорот, јавија денеска британските медиуми.
Германскиот клуб ја одби првичната понуда на Ливерпул од 135 милиони евра и побара отштета од 150 милиони евра. Според медиумите, Ливерпул на крајот се согласил на бараната сума, но таа ќе вклучува и потенцијални бонуси.
Германскиот репрезентативец Вирц треба да потпише петгодишен договор, а медиумите проценуваат дека неговата заработка ќе биде блиску до онаа на двајцата најплатени играчи на Ливерпул, Мохамед Салах (25 милиони евра по сезона) и Вирџил ван Дајк (21 милиони евра).
Вирц постигна 16 голови и додаде 15 асистенции за Баер оваа сезона, а во дресот на германската репрезентација постигна седум голови на 31 натпревар. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан