• вторник, 03 септември 2024

Либиската централна банка ќе добие поддршка од ООН за излез од кризата

Либиската централна банка ќе добие поддршка од ООН за излез од кризата

Триполи, 3 септември 2024 (МИА) - Мисијата на ООН за поддршка на Либија вчера одржа разговори во Триполи за решавање на проблемот со кризата во Либиската централна банка, што ја спречува банката да врши трансакции повеќе од една недела, се наведува во соопштение од Светската организација.

На средбата учествуваа претставници на Либиската Претставничка комора (долниот дом на парламентот), како и претставници од државниот и претседателскиот совет.

Според Мисијата на ООН за поддршка на Либија, постигнати се „значајни договори“ за решавање на кризата во Либиската централна банка.

Пратениците се согласија да го презентираат нацрт-договорот пред двете комори на парламентот, со цел денеска документот да биде финализиран и потпишан.ссм/

фото: архива

Остани поврзан