Лејди Гага најави нов албум за 29 мај
- Албумот бил планиран за порано, но пејачката не сакала да го објави поради пандемијата на коронавирусот.
Лос Анџелес, 11 мај 2020 (МИА) - Американската пејачка Лејди Гага на Инстаграм соопшти дека на 29 мај ќе објави нови албум. Тој ќе биде насловен „Chromatica" и ќе има 16 песни.
Албумот бил планиран за порано, но Лејди Гага не сакала да го објави поради пандемијата на коронавирусот.
„Ова е доста страшно време за сите нас и додека бев уверена дека уметноста е најсилно нешто што ни овозможува радост и исцелување, сфатив оти едноставно не е в ред од моја страна да објавам нов албум во услови на светска пандемија... Но, патешествието продолжува“, напиша таа. си/сд/