Лефков: Каде се СДС да кажат од каде се парите за јахтата на Заев и како се спечалени
- Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи - Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени? Како Заев стигна до јахта од 850.000 евра? Како е платена и со кои пари, тоа се прашања на кои и СДС и Филипче мора да дадат одговор, посочи на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пшренесува интегрално.

Скопје, 14 август 2025
Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи - Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени? Како Заев стигна до јахта од 850.000 евра? Како е платена и со кои пари, тоа се прашања на кои и СДС и Филипче мора да дадат одговор, посочи на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пшренесува интегрално.
Филипче не може да бега од одговори, тој е должен да одговори од повеќе причини, а една од нив е и тоа што Заев и Филипче имаат фирми на истата адреса во Бугарија.
Втората причина е тоа што браќата на Заев и Филипче имаат заедничка фирма за производство на струја.
Трета е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија каде комшија е Филипче се поврзани со тендери во Македонија.
Врските помеѓу Заев и Филипче се безброј, и затоа Филипче мора да даде одговори.
Тоа што ќе продолжи да молчи СДС и Филипче е само знак дека се фатени инфлагранти и не знаат што повеќе да лажат, зошто секој ден тонат од една во друга лага.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ