• недела, 22 декември 2024

Лекови на Фајзер ќе бидат достапни по непрофитна цена во сиромашни земји

Лекови на Фајзер ќе бидат достапни по непрофитна цена во сиромашни земји
Вашингтон, 25 мај 2022 (МИА) - Патентираните лекови на Фајзер, вклучувајќи ги и Паксловид (paxlovid) за лекување на Ковид-19 и Ибранс (ibrance) против рак на дојка, ќе бидат достапни по непрофитна цена во 45 најсиромашни земји во светот, соопшти компанијата. Планот на Фајзер вклучува 23 патентирани лекови и вакцини што лекуваат заразни болести, одредени видови на рак, како и за ретки и воспалителни болести. Пет земји,  Руанда, Гана, Малави, Сенегал, Уганда, веќе се обврзаа да се приклучат на договорот, најавен на Светскиот економски форум во Давос. Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера изјави дека договорот ќе им овозможи на земјите и производителот на лекови да ги поделат „товарот на трошоци и задачи во производството и испораката на резерви што ќе спасат милиони животи“. Имаше критики до Фајзер за начинот како се воведе вакцината против Ковид-19, а некои сиромашни земји чекаа со месеци, откако првите дози стигнаа во богатите држави. бд/ми/  

Остани поврзан