• недела, 22 декември 2024

Леклер ја доби тактичката битка со Мекларен и победи на Монца

Леклер ја доби тактичката битка со Мекларен и победи на Монца

Монца, 1 септември 2024 (МИА) - Шарл Леклер (Монако, Ферари) победи во импресивната стратешка битка со Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) и Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) на легендарната трка за Големата награда на Италија во Монца, на која лидерот во шампионатот Макс Верстапен заврши едвај на шестото место и неговата предност на врвот продолжи да се топи.

Карлос Саинц (Ферари) заврши на четвртото место, а зад него беа Хамилтон, Верстапен, Расел и Перез на осмото место.

Верстапен, кој нема освоено Шпанско ГП во екот на летото, има 303 поени, а Норис сега заостанува 62 по неговата трета позиција во Монца и најбрзиот круг.

Леклер има 215 бодови, а Пјастри е четврти со 197. дс

Фото: Архива

Остани поврзан