• петок, 18 јули 2025

Леклер најбрз на третиот тренинг во Силверстоун

Леклер најбрз на третиот тренинг во Силверстоун

 

Силверстоун, 5 јули 2025 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на денешниот трет тренинг пред утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија.

Леклер постигна резултат од 1:25.498 минути на третиот тренинг во Силверстоун.

Второто место го освои возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, со заостанување од 0,068 секунди, додека актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул беше трет, со заостанување од 0,087 секунди.

Квалификациите се на програмата денес од 16:00 часот, додека почетокот на трката за Големата награда на Велика Британија е закажан за недела во 16:00 часот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан