• четврток, 21 ноември 2024

Левица: Јавно прашуваме дали се работи за намерно обезвреднување на имотот на фирмата „Каст Инвест“

Левица: Јавно прашуваме дали се работи за намерно обезвреднување на имотот на фирмата „Каст Инвест“
Скопје, 14 септември 2020

Поранешни работници од „Каст Инвест“ нѐ контактираа дека во оваа фирма се случува сериозен криминал, односно дека сите ЦНЦ машини (во вредност од над 350 000 евра) во вечерните часови биле пренесени од складовите на „Каст Инвест“ во фирмата на Кочо Анѓушев – „Брако“!

Покрај овие машини, во „Брако“ биле однесени и неколку помали алати кои што имале вредност од по 800 евра секоја, како и останат помалку вреден инвертар. Инаку, фирмата „Каст Инвест” во март остави над 100 работници на улица со неисплатени плати и придонеси за неколку месеци. Согласно нашите информации кои ги добивме од работниците, тие сѐ уште не ги добиле своите плати.

Јавно прашуваме дали се работи за намерно обезвреднување на имотот на оваа фирма, со цел да нема стечајна маса за исплата на побарувањата на работниците. Дополнително, ваквите сомневања кај работниците се повеќе од основани, со оглед на тоа што истите беа избркани со најава дека фирмата оди во стечај, иако пет месеци подоцна сѐ уште не е отворена стечајна постапка.

Левица _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан