• среда, 10 јули 2024

Левица оддаде почит по повод 81 година од стрелањето на 12-те ваташки младинци 

Левица оддаде почит по повод 81 година од стрелањето на 12-те ваташки младинци 

16 јуни 2024
 
Делегација на Левица ЛО Кавадарци, придружувана од членови на ЛО Богданци положија свежо цвеќе на паметникот на 12-те младинци, кои на денешен ден во 1943 година беа сурово стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.
 
Безмалку еден век подоцна не стивнуваат болката и тагата од овој грозоморен чин, којшто во историјата е окарактеризиран како еден од најкрвавите и најбруталните злосторства извршени на нашите простори.

12-те ваташки СКОЈ-евци се пример за непокорливата борба на нашиот народ којашто и ден денес Македонецот ја води како кон надворешниот, така и кон домашниот непријател сѐ до негово конечно ослободување!
 
Да не се повтори и да не се заборави!
 
Слава им!

Политичка партија Левица 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан