• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Непотизмот и криминалот на УКЛО продолжува

Левица: Непотизмот и криминалот на УКЛО продолжува

Скопје, 7 октомври 2023

Пред неколку месеци објавивме за непотизмот во УКЛО и обидот да се вработи и последниот член од фамилијата на финансискиот раководител на УКЛО – Николина Неновска кој сеуште не е дел од УКЛО, нејзината ќерка Викторија Стојковски.

За потсетување, во УКЛО работи и нејзиниот сопруг (на Технички факултет Битола) и нејзиниот син (на Правен факултет во Битола)
По објавениот конкурс во јуни и дадениот предлог од страна на рецентзентската комисија до Наставно научниот совет на Факултетот за биотехнички науки Битола да се направи избор во звање доцент на ќерката на Николина – д-р Викторија Стојковски истиот е поништен бидејќи областа за која бил распишан конкурсот не била иста со областа која ја има Викторија.

По тој обид на 07 Септември 2023 година повторно се распишува конкурс сега во област која одговара за нејзината ќерка. Но на огласот сега се јавува и друг кандидат кој по сите предвидени општи и посебни критериуми предвидени согласно Законот за високо образование и Правилникот за избор во звање на УКЛО исполнува повеќе услови во однос на ќерката на Николина.

Исполнетоста на условите се наведени во Рефератот за избор објавен во Билетн 510 на страната на укло. И покрај тоа што комисијата во извештаите ги има напишано сите услови кои ги исполнуваат кандидаките и секој јавно може да го види тоа предност и дава на ќерката на Николина и му предлага со задоволство на наставно-научниот совет да ја избере неа.

Секој може да ја види необјективноста во предлогот на комисијата и пристрасноста кон ќерката на Николина. Истото дополнително се потврдува и со тоа што за член во комисијата повторно е назначен Николче Јанкуловски, претседателот на Сенат кој пак му е син на Живко Јанкуловски.

Ова е скандал за УКЛО на кој сите надлежни институции море да превземат акција.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан