• недела, 22 декември 2024

Левица: Кронизмот е основен критериум при поделбата на ваучерите за клима уреди

Левица: Кронизмот е основен критериум при поделбата на ваучерите за клима уреди

Скопје, 11 ноември 2024 

Додека граѓаните во редици чекаат да аплицираат за ваучери за клима уреди, огромен број на поранешни или актуелни партиски функционери од владејачките партии, носители на јавни функции се најдоа на списоците на Министерството за енергетика рударство и минерални суровини.

За огромниот број на партиски активисти кои се „почестени“ со вакви ваучери алармираа голем број на граѓани, кои се сомневаат во транспарентноста при изборот на добитниците. Нивните реакции, а и самите списоци, укажуваат на бројни политички фаворизирања и злоупотреби при респределбата на јавните средства.

Сметаме дека е потребно да се изврши надворешна ревизија на целиот процес, којшто граѓаните оценуваат дека не е реализиран во фер услови. Во отсуство на транспарентност, го повикуваме Министерството за енергетика да ја обелодени листата на сите членови на комисијата која одобрувала ваучери, како и деталите за нејзиното формирање и критериумите според кои се воделе во изборот на корисниците.

Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство да го истражи овој случај, и со тоа да утврди евентуелна и спречи идни злоупотреби на вакви процеси. Без транспарентни постапки е невозможно граѓаните да имаат доверба во институциите.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Левица 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан