• петок, 05 декември 2025

Левица: Кадар на ДУИ именуван за заменик-директор на АНБ

Левица: Кадар на ДУИ именуван за заменик-директор на АНБ

Скопје, 22 јуни 2025

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ.

Иако Законот јасно наведува дека директорот и неговиот заменик, како и вработените во АНБ не смеат да бидат членови на политички партии - Ферати е познат како кадар на ДУИ и според информациите, близок со Артан Груби и Али Ахмети.

Дополнително, за Ферати постојат и информации кои велат дека е поврзан со разни кланови и “бзнисмени” со сериозен криминал.

Пред само две години од претходниот и актуелен заменик-директор на АНБ, Бесник Ферати, излезе снимка каде тој заедно со ексминистерот Крешник Бектеши мавтаат со албанско знаме за што беа крајно изреволтирани членовите на ДПМНЕ и се надеваа, апелираа до нивниот лидер кога ќе дојде на власт да ја расформира тогашната структура на АНБ. Сепак, евидентно, тоа не се случи, а наместо реформирање, денешната власт ги продолжува истите практики и ги рехабилитира контроверзните кадри на претходната владејачка коалиција СДСМ–ДУИ.

Нејасно е и дали, а доколку да - како Бесник Ферати го поминал полиграфското тестирање за проверка на професионалниот интегритет, за кое се најавуваше дека од февруари годинава конечно ќе профункционира?!

Може да се заклучи дека АНБ е еклатантен приемр на „како до сега” владеењето. На чело имаме директор од владејачката партија со крајно спорни дипломи, а негов заменик е кадар на ДУИ.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан