• петок, 22 ноември 2024

Левица: Владејачката коалиција не гласаше за законот за забрана за градење на опожарени подрачја

Левица: Владејачката коалиција не гласаше за законот за забрана за градење на опожарени подрачја

Скопје, 12 август 2024

ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН не гласаа за измените на Законот за заштита на шумите предложени од Левица. Законот за забрана за градење на опожарени подрачја не помина.

-Со измените се предвидуваше 50 години забрана за урбанизација, изградба на објекти, изградба на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на земјиште зафатено од пожар. Целта ни беше законски да ги отстраниме овие мотиви за подметнување на пожари, рече Јанчев, пратеник на Левица.

За тоа која е целта и која им е намерата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да не гласаат за закон кој е во прилог на граѓаните и во заштита на животната средина Јанчев само кратко вели „треба нив да ги прашате“.

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан