• недела, 22 декември 2024

Левандовски собори уште еден рекорд во Бундеслигата

Левандовски собори уште еден рекорд во Бундеслигата
Минхен, 17 јануари 2021 (МИА) - Полскиот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, постигна вечерва гол во триумфот на актуелниот германски првак над Фрајбург од 2:1 и собори долговечен рекорд во Бундеслигата. Полјакот на 16 натпревари сезонава во дресот на Баерн Минхен веќе стигна до бројката од 21 голови со што го подобри постигнувањето кое повеќе од пет децении беше во сопственост на Герд Милер. Легендарниот Германец во сезоната 1968/69 постигна 20 голови за Баерн Минхен во воведните 16 натпревари во германскиот шампионат. Со вечерашниот триумф Баерн Минхен се зацврсти на чело во Бундеслигата со 36 бодови, четири повеќе од второпласираниот Лајпциг, кој вчера одигра 2:2 на гостувањето кај Волфсбург.  ег/ми/

Остани поврзан