• петок, 05 декември 2025

Левандовски не оди во Саудиска Арабија

Левандовски не оди во Саудиска Арабија

Барселона, 5. септември 2025 (МИА) – Водечките екипи од Саудиска Арабија се обидуваат да донесат што е можно повеќе фудбалери од европскиот континент. Според Мундо Депортиво полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ги одбил понудите на екипите Ал Хилал и Ал Наср, кои преку инвестициски фондови му понудиле фиксна плата од 100.000 евра по сезона плус бонуси.

Ленадовски се заблагодарил на понудите, со напомена дека сака да игра фудбал на највисоко ниво и дека има амбиции со Барселона да ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите.

Веста ја потврди и менаџерот на играчот, кој сепак остави можност трансфер да направи следното лето.

Во овој преоден рок во екипи од Саудиска Арабија трансфери направија Дарвин Нуњез, Жоао Феликс, Кингси Коман, … мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан