• петок, 22 ноември 2024

Леброн: Неправедно е да се ставаат какви било очекувања од Лејкерси во овој момент

Леброн: Неправедно е да се ставаат какви било очекувања од Лејкерси во овој момент

Лос Анџелес, 2 октомври 2024 (МИА) – Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се уште не е подготвен да разговара за целите на тимот во сезоната 2024/25.

-Немам никакви очекувања. И неправедно е да се постават какви било очекувања од нас во оваа фаза. Единственото нешто на кое можеме да сметаме е еден на друг. Нашиот пристап кон тренинзите, нашата желба да работиме секој ден, изјави 39-годишната НБА-ѕвезда.

Џејмс е задоволен од работата со новиот тренер Џеј Џеј Редик.

-Одличен прв ден. Сè беше обмислено до најмалите детали додаде Леброн.

Првиот натпревар претстојната сезона Лејкерси ќе го имаат на 22 октомври со Минесота тимбервулвс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан