• недела, 22 декември 2024

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Скопје, 2 август 2024

Најостро го осудуваме инцидентот на скопскиот аеродром настанат при проверка на косовската претседателка Вјоса Османи, велат од Либерално-демократската партија.

- Како што заклучуваме од официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, насилниот чин од страна на припадници на обезбедувањето на претседателот на Собранието кон вработените и контролорите на скопскиот аеродром, претставува сериозно загрозување по животите на луѓето кои го контролираат авио-сообраќајот, патниците и сите оние кои биле присутни во моментот на претење со огнено оружје, велат од партијата.

Тие додаваат дека се уште не е заборавен упадот во МНАВ.

Апелираме за поголема контрола која ја засега безбедноста на луѓето, за што не е дозволено ни најмала невнимателност. 

Недозволиво е било какво кршење на законите и нарушување на јавниот ред, мир и безбедносните протоколи од било кого, без разлика дали станува збор за високо позициониран функционер или носител на јавна функција.

- Го охрабруваме ОЈО и сите засегнати институции да постапуваат согласно законите и да се расветли настанот, порачува ЛДП.


Либерално-демократска партија (ЛДП)

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан