• петок, 22 ноември 2024

Ла Палма: Аеродромот на островот е затворен поради облаци од пепел

Ла Палма: Аеродромот на островот е затворен поради облаци од пепел
Мадрид, 25 септември 2021 (МИА) - Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма денеска беше затворен поради облак од пепел што избива од вулканот кој е „активен“ веќе една недела, а научниците соопштија дека се отворил уште едно вулкански кратер, изложувајќи ги островјаните на можни нови опасности. Интензитетот на ерупцијата, која започна на 19 септември, се зголеми во изминатите денови, што доведе до евакуација на уште три села на островот. Речиси 7.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Операторот на аеродромот Ла Палма Аена соопшти дека аеродромот не е во функција поради наталожен пепел. Другите аеродроми на Канарските Острови се уште се во функција, иако некои авиокомпании ги прекинаа летовите, наведува Аена. Институтот за вулканологија на Канарските острови објави дека рано утрово бил отворен уште еден вулкански кратер. гт/

Остани поврзан