• недела, 22 декември 2024

„Лајка“: Напуштањето домашни миленици интензивирано во летниот период

„Лајка“: Напуштањето домашни миленици интензивирано во летниот период

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Семејството на одмор, миленикот на улица? Не постои оправдување, велат од Јавното претпријатие „Лајка“, појаснувајќи дека напуштањето миленичиња е интензивирано во летниот период.

- Напуштањето домашни миленици е суровост и злоупотреба што мора соодветно да се превенира, а доколку се случи, најстрого да се санкционира неодговорниот сопственик, согласно закон. Улицата е сурова за секое животно. Животните кои не се растени на улица, туку исфрлени, немаат стекнати основни животни вештини за преживување, се плашат, запаѓаат во депресија поради напуштеноста од семејството кое го познаваат и сакаат, па така исходот е неретко фатален - умираат удрени од коли, неприфатени од населението, гладни и жедни, несреќни, пишува во денешното соопштение на претпријатието.

Животните не се играчки за се фрлаат кога ќе ни здосадат, или заменат за нова играчка, апелираат од ЈП „Лајка“.

- Одговорното сопствеништво е клуч за решавањето на прекубројноста на бездомните кучиња на улиците. За жал, ЈП „Лајка“ се соочува со секојдневно напуштање животни кои имале сопственик, а таквата пракса е интензивирана во летниов период - секојдневно наидуваме на нови, преплашени, дезориентирани кучиња кои евидентно биле нечив сопственик, како и на цели исфрлени легла, истакнуваат од „Лајка“.

Секој убаво да размисли, советуваат оттаму, пред да земе куче.

- Дали одговара на вашите можности, животен стил, темперамент - дали имате воља, можности и предуслови за грижа, љубов, внимание, до неговиот последен ден. Размислете и проценувајте брзо, пред да го земете, или додека е мало. Сѐ останато е неодговорност и суровост и нема оправдување, подвлекуваат од „Лајка“. бд/дма/

Фото: „Лајка“

Остани поврзан