Лаутаро за финалето со ПСЖ: Мораме да ги држиме очите отворени за да ни биде среќно финалето
- Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез ги искажа очекувањата во пресрет на средбата со Апри Сен-Жермен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Милано, 29 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез ги искажа очекувањата во пресрет на средбата со Апри Сен-Жермен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
- ПСЖ е силен тим кој добро напаѓа и се брани, па затоа мора да ги држиме очите отворени. Многу играчи, почнувајќи од играчите од средниот ред, се опасни и играат клучна улога. Знаеме многу од нив, играа во Италија. Мораме добро да ги проучиме нивните силни и слаби страни, кои можеме да ги искористиме за да го направиме ова финале среќно за нас, изјави Мартинез за сајтот на УЕФА.
Интер не успеа да дојде до трофејот во Серија А, исто така не успеа да победи ниту во Купот на Италија.
Натпреварот Интер – ПСЖ ќе се игра в сабота (31 мај) на „Алијанц Арената“ во Минхен со почеток во 21 часот. зс/
Фото: ЕПА