• понеделник, 23 декември 2024

Лам: Кинескиот предлог-закон нема да ги загрози граѓанските слободи во Хонг Конг

Лам: Кинескиот предлог-закон нема да ги загрози граѓанските слободи во Хонг Конг
Хонг Конг, 26 мај 2020 (МИА) - Претседателката на Владата на Хонг Конг, Кери Лам денеска изјави дека предлог-законот за национална безбедност предложен од Кина нема да ги загрози граѓанските права во полуавтономната територија. Таа истакна дека нема потреба од загриженост поради предлог-законот за национална безбедност во Хонг Конг, што претходно беше поднесен на седница на кинескиот Парламент. - Хонг Конг докажа дека ги поддржуваме и ги чуваме таквите вредности. На Хонг Конг и е потребен овој закон бидејќи од него ќе имаат корист поголемиот број жители, посочи Лам. Таа ги негира тврдењата на странските политичари дека со законот Кина ќе има поголема контрола врз Хонг Конг по минатогодишните продемократски протести. Законот, со кој се забранува „сеционистичка и субверзивна активност, странско мешање и тероризам“, најверојатно ќе биде усвоен на 28 мај. Критичарите исто така оценуваат дека законот ќе биде во спротивност со правната рамка „Една земја - два система“, со која во Хонг Конг се гарантирани поголеми слободи од друите облкасти во Кина. ми/

Остани поврзан