Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата заменик-министер за јавна администрација
- Лазе Јаќимоски денеска ја презеде функцијата заменик-министер за јавна администрација. На примопредавањето во Министерството за јавна администрација (МЈА) присуствуваа ресорниот министер Горан Минчев и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Лазе Јаќимоски денеска ја презеде функцијата заменик-министер за јавна администрација. На примопредавањето во Министерството за јавна администрација (МЈА) присуствуваа ресорниот министер Горан Минчев и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.
Министерот Минчев го информираше Јаќимоски за тековните процеси и актуелните предизвици во Министерството за јавна администрација и му посака успех во извршувањето на функцијата.
Јаќимоски е вонреден професор на Правниот факултет - Кичево при Универзитетот Св. „Климент Охридски“ - Битола. мч/нд/
фото: МЈА