• петок, 05 декември 2025

Лазар Ристовски: Сознанието дека глумата е нешто што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

Лазар Ристовски: Сознанието дека глумата е нешто што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

Скопје, 8 авгус 2025 (МИА) - Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинашниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски по прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“.

Во Музејот на Град Дојран, Ристовски го сподели неговото прво искуство со актерството кога снимале филм со негов колега.

-Требаше да глумам студент по виолина, живеев во студентскиот град и требаше да дојдам меѓу студентите, во метежот кога доаѓа автобусот и јас треба да влезам во тој автобус. Мојот колега снима од 30-40 метри оддалеченост сокриен зад еден камион, а јас пред да влезам во автобусот требаше да се онесвестам и да паднам, а кај него да исчезнам од објективот. Тој така ја замислил сцената. Почнавме да снимаме, голем метеж, се потам и одеднаш сфатив дека овие луѓе не знаат што се случува. И не го направив тоа, си замина автобусот и не ја снимивме сцената. Кога ме праша што се случува му реков, срам ми е да ги лажам луѓето. Да знаат дека се снима филм, да се подготвени, тогаш е во ред, но вака не можам. Ајде почнавме со вториот обид, повторно доаѓа авобусот, метеж луѓето слегуваат, се качуваат...и јас пак не можам да паднам во несвест. И по трет пат почнавме да снимаме, се одново, но овој пат јас се онесвестувам, но овој пат вистински. Се освестив во студентската кантина кога ме прскаа со вода. Ете тоа беше мојата прва средба со актерството, раскажа Ристовски.

Рече дека спознавањето на тоа дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со глума, а со глума се занимава 50 години.

Вечерва во чест на лауреатот во 20 часот во Амфитеатарот во Дојран ќе има проекција на филмот „Дневникот на машиновозачот“ во кој главна улога игра Лазар Ристовски, а по проекцијата ќе следи и разговор на Лазар Ристовски за неговата кариера, за актерството, за животот посветен на уметноста на филмот- сесија прашања и одговори со публиката. дма/вг/

Фото: Фестивал „Преку езерото'

Остани поврзан