Лазаров: Направивме безброј грешки
- Селекторот Кирил Лазаров истакна по вечерашниот натпревар против Црна Гора на Европското првенство во Дебрецин дека поразот на македонската репрезентација е апсолутно заслужен и се темели на
Дебрецин, 15 јануари 2022 (МИА) – Селекторот Кирил Лазаров истакна по вечерашниот натпревар против Црна Гора на Европското првенство во Дебрецин дека поразот на македонската репрезентација е апсолутно заслужен и се темели на големиот број технички грешки во редовите на „црвено – жолтите“.
- Направивме толку многу грешки, што не можевме ниту да ги изброиме. Едноставно сè се случуваше како на филм. Играчи, кои играат во силни клубови, кои имаат клучни улоги не смеат да си дозволат такво нешто. Без разлика дали е добра стратегијата или не, или си играч или не, тоа го решаваш на терен. Ние сме тука да ги подготвиме, но играчите се тие што одлучуваат на самиот терен, изјави Лазаров.
- Кај дојде до една психолошка блокада, каде што бевме речиси немоќни. Очигледно е дека имаше голем притисок кај играчите, откако работата не тргна на добро. Евидентно е дека треба да учиме уште многу. Црногорците подобро се приспособија од нас, а ние игравме брзоплето, додаде Лазаров.
Селекторот ја пофали големата поддршка која неговите ракометари ја имаа од трибините во салата „Феникс“ во Дебрецин, и наведе дека му е жал за навивачите
- Сега ни претстои уште еден натпревар на ова Европско првенство и тој натпревар сакам моите ракометари да го одиграат релаксирано и да уживаат во него, додаде Лазаров. ег/мд/