• петок, 05 декември 2025

Лавров: Русија постепено го напушта терминот „непријателски држави“

Лавров: Русија постепено го напушта терминот „непријателски држави“

Москва, 16 септември 2025 (МИА) - Руската страна постепено го напушта терминот „непријателски држави“ и тргнува од фактот дека постојат непријателски влади, а не држави, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција.

-Постепено го напуштаме терминот „непријателски држави“, иако тој останува во законодавството, но, како што неодамна нагласи претседателот (Владимир Путин) на еден од настаните во Владивосток, за нас нема непријателски држави, постојат држави чии влади се непријателски настроени кон Руската Федерација, коментираше Лавров. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан