• понеделник, 23 декември 2024

Лавров: Преговорите за мир во Украина се можни само со воспоставување нов светски поредок

Лавров: Преговорите за мир во Украина се можни само со воспоставување нов светски поредок

Анкара, 7 април 2023 (МИА) - Преговорите за мир во Украина се можни само доколку имаат за цел да воспостават „нов светски поредок“ без американска доминација, изјави денеска во Турција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Преговорите може да се случат само ако се земат предвид руските интереси“, рече Лавров на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Станува збор за принципите на кои ќе се заснова новиот светски поредок“, објасни рускиот министер. паг/
 
Фото: ЕПА
 
 

 

 

Остани поврзан