• четврток, 04 јули 2024

Кучково добива водоснабдување

Кучково добива водоснабдување
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Општина Ѓорче Петров соопшти дека го решила деценискиот проблем со недостиг на вода во село Кучково, откако е одредена локација на која преку бунар се обезбедени 4,8 литри вода во секунда. Станува збор за повеќе од двојно поголемо количество вода потребно за задоволување на потребите на селото, со што конечно се затвора голем урбанистички недостиг во овој дел на Ѓорче Петров и главен проблем кој со години наназад ги мачеше жителите на Кучково, информираат од Општина Ѓорче Петров. Следен чекор, како што се наведува во соопштението од Општината, е пристапување кон конектирање со главниот цевковод. дма/сп/

Остани поврзан