• понеделник, 23 декември 2024

Куртовски во посета на градинката во Скудриње: Наша заложба е на најмладите да им ги обезбедиме сите услови  

Куртовски во посета на градинката во Скудриње: Наша заложба е на најмладите да им ги обезбедиме сите услови  
Дебар, 5 септември 2022 (МИА) - Петта година по ред продолжува со работа детската градинка во долнореканското село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, која функцонира во склоп на ЈУДГ „Брешија“ од Дебар. Денеска градинката во Скудриње ја посетија градоначалникот Медат Куртовски и директорката на „Брешија“, Ајрије Дачи, кои поминаа пријатни мигови со најмладите. Годинава се опфатени дванаесет дечиња од село Скудриње, а како и секоја годна така и оваа, општината донира потребни материјали и средства за подобро организирање на активностите на децата во градинката. Детската градинка во Скудриње, која е прва и единствена во оваа општина,  почна со работа во октомври 2018 година, благодарение на залагањето на градоначалникот Куртовски и досега се опфатени над 60 деца. -Наша заложба е на најмладите да им ги обезбедиме сите услови за социјализација и образование, да им помогнеме во секој поглед, во рамки на можностите. Настојуваме клонови на дебарската градинка да има и во други поголеми средини во општината а за првпат годинава на сите 35 првачиња им доделивме по 3.000 денари еднократска помош, покрај училитшен прибор. Веќе пет години по 5.000 денари доделуваме и за секое новороденче, рече Куртовски. вт/свс

Остани поврзан