Курдите постигнаа договор со сириската влада за репатријација на семејства од „Ал Хол“
- Сириските демократски сили (СДС), предводени од Курдите во Североисточна Сирија, постигнаа договор со сириската влада за започнување на репатријација на семејствата поврзани со Исламска држава од кампот „Ал Хол“.
Дамаск, 28 мај 2025 (МИА) – Сириските демократски сили (СДС), предводени од Курдите во Североисточна Сирија, постигнаа договор со сириската влада за започнување на репатријација на семејствата поврзани со Исламска држава од кампот „Ал Хол“.
Во договорот, објавен од високиот функционер на СДС, Шеихмус Ахмед, се наведува дека ќе се создаде заеднички механизам за олеснување на враќањето на „сириските семејства“ од кампот.
- Овој договор нема да ги вклучува странските борци и нивните семејства, изјави Рами Абдел Рахман, раководител на Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Велика Британија.
Договорот е резултат на состанок на високо ниво на кој учествувале претставници на СДС, сириски владини функционери и членови на меѓународната коалиција предводена од САД, соопштија курдски извори.
Во кампот „Ал Хол“, лоциран во Североисточна Сирија, моментално се наоѓаат околу 40.000 луѓе, претежно жени и деца, за кои се претпоставува дека се поврзани со Исламска држава. јт/
Фото: ЕПА