• понеделник, 23 декември 2024

Кумановските пензионери со ниски пензии од денеска користат бесплатен градски превоз

Кумановските пензионери со ниски пензии од денеска користат бесплатен градски превоз
Куманово, 1 ноември 2022 (МИА) - Кумановските пензионери со ниски пензии од денеска користат бесплатен градски превоз, соопштија денеска надлежните од здружението на пензионери Куманово. Одлуката ја донесе советот на општината. - Вкупно 400 пензионери од 1 ноември, односно од денеска, користат бесплатен градски превоз. Благодарни сме на поддршката која ја добивме од локалната власт и која ќе помогне за ублажување на последиците на економско-енергетската криза за нашите членови кои имаат пензија до 13.000 денари, изјави претседателот на здружението, Благе Јакимовски.
Пензионерите поднесуваа барања со последен чек од пензија и документ за идентификација. Картите се изработени и поделени.И претходно во 2020 година околу 400 кумановски пензионери користеа бесплатен превоз. Здружението има околу 14.000 членови. ам/сст/

Остани поврзан