• понеделник, 23 декември 2024

Кумановскиот театар настапува во Бугарија

Кумановскиот театар настапува во Бугарија
Куманово, 3 јуни 2022 (МИА) - Кумановскиот театар вчера гостуваше во градот Ловеч, Бугарија со претставата „Драма изгубена во времето“, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Вечерва претставата ќе се игра и во Софија во театарот „Солза и смеа“. - Соработката е договорена преку нашиот Културен центар во Софија, во март годинава и во моментов се реализира. Во текот на гостувањето договорено е Драматичниот театар од градот Ловеч да биде гостин со нивната најнова претстава комедија која во моментов треба да има премиера во Ловеч, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски. Двата театри ќе реализираат и заедничка претстава со актерите од двете држави. - Предвидено е и авторот на текстот кој ќе се работи, режисерот, сценографот и костимографот да бидат од двете држави. Очекуваме дека ќе добиеме средства и за овој проект, се со цел да направиме соработка и претстава која ќе има за цел да придонесе за побогата културна соработка помеѓу двете држави, изјави Тодоровски. Финансиските средства за гостувањата на Кумановскиот театар се обезбедени од Министерството за култура.ам/вј/

Остани поврзан