• недела, 22 декември 2024

Кумановската полиција санкционираше девет возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин

Кумановската полиција санкционираше девет возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин
Куманово, 22 февруари 2022 (МИА) - Кумановската полиција санкционираше девет возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин, соопшти денеска СВР Куманово. Засилената акциска контрола била спроведена денеска во периодот од 08 до 13 часот за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин. - При контролата констатирани се девет прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби-соопшти кумановската полиција. СВР Куманово апелираше и до возачите, но и до пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, бидејќи нагласија дека секое непочитување на правилата ќе биде санкционирано. ам/свс/

Остани поврзан