• петок, 05 јули 2024

Кумановецот Данило Методиевски вицешампион на светски куп во кик-бокс во Италија

Кумановецот Данило Методиевски вицешампион на светски куп во кик-бокс во Италија

Куманово, 2 октомври 2023 (МИА) - Второ место на светскиот куп во кик-бокс освои кумановецот Данило Методиевски, член на кик-бокс клубот „Предатор“, информираа денеска од клубот. Натпреварот се одржа викендов во Италија.

Методиевски се натпреварувал против учесници од Италија, Хрватска и Чешка. Тој ги совладал натпреварувачите од Италија и Хрвастка, но загубил во третата борба и станал светски вицешампион. Ова е највисок резултат  за Данило и за клубот од Куманово.

– Сите борби се одвиваа во 45 минути со кратки паузи. Данило покажа како се бранат боите на Куманово и Македонија. Се гордееме сите со постигнатиот успех на Данило. Благодарност до нашите спонзори кои го овозможија овој настап, градоначалникот Максим Димитриевски, „Фрагмат“, „Блек Вајпер Сквад“, „Бучен Козјак“ и теретана „Чили Џим“, велат од КБК „Предатор“. ам/


Фото: социјални мрежи КБК „Предатор“

 

Остани поврзан