• четврток, 21 ноември 2024

Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај

Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Во Годишниот извештај  за напредокот на државава во делот за културата Европската комисија го наведува одложувањето да се усвојат  измени на националното законодавство за култура - новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство.

ЕК  укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

-Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата, се наведува во документот.

Нотирано е и дека Северна Македонија продолжила целосно да учествува во програмата на ЕУ „Креативна Европа“. хс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан