• вторник, 14 мај 2024

Кузманова: Ја основав „Инфинити Лајф КС“ за да им испратам порака на лицата заболени од канцер дека не се сами

Кузманова: Ја основав „Инфинити Лајф КС“ за да им испратам порака на лицата заболени од канцер дека не се сами
Скопје, 2 мај 2021 (МИА)- Напредокот е можен, а со взаемна поддршка и силен мотив дека силата е во секој еден од нас, можеме многу повеќе. Можеме заедно да ја допреме бесконечноста, се со цел да придонесиме за повеќе насмевки, порачува младата Сашка Кузманова од Кавадарци, основач на „Инфинити Лајф КС“. Таа за МИА  откри дека „Инфинити Лајф КС“ е нов бизнис за изработка на перики од природно неоштетено влакно за лица заболени од рак нешто што како што наведува, досега го немало во државава. -После долгогодишното занимавање со xуманитарна работа, секојдневно соочување со најлошата болест, карциномот, долгото истражување по интернет, контактирање со странство, дојдов до заклучок дека на Македонија и е потребна ваква гранка, за изработка на перики. Се со цел да им помогнеме и им го олесниме животот на тие, кои што им е најпотребно. Станува збор за нешто, што до сега го немало во Македонија, проектот е изработка на перики од природна, нефарбана и неоштетена коса, изјави Кузманова. Целта на проектот е да се обезбедат перики за сите кои се заболени од карцином, да се олесни патот за нивно купување, а воедно и да се подобри псиxичката состојба на лицата кои поради болеста се соочуваат со опаѓање на косата. - После напорната работа за проектот и консултации со стручни лица, побарав средба во Министерството за здравство, од каде што ја поддржаа идејата и  добив целосна поддршка за изработка на периките. Од таму проектот го доставив кај Митко Јанчев и компанијата „Кожувчанка“ и „Синалко Кавадарци“, каде што добив целосна поддршка и спонзорство . Целосна поддршка добив и од Словачката амбасада во државава и амасадорот Xенрик Маркуш и неговата сопруга Жанет Маркуш. Доста организации и здруженија застанаа позади мене за овој проект. Bо преговори сум со уште компании каде што треба да се презентира проектот и склучи односно потпише соработката, појасни Кузманова. Како што информира младата претприемачка, добрата вест е што лицата кои ја изгубиле косата како резултат од заболувањето со канцер ќе може да си ги вратат поголемиот дел од парите дадени за периките преку Фондот за здравствено осигурување. Како што кажа таа, овие перики ќе бидат наменети за секого, но, предност ќе имаат лицата заболени од карцином. -Периките ќе бидат по поволни цени, со тоа што во соработка со Министерството за здравство и Фондот, заболените од карцином ќе можат да ги добијат со рефундирање на средства. А за сите други периките ќе се по пристапни цени, наведе Кузманова. Компанијата започнува со тројца вработени и како што вели за МИА се очекуваат идни соработки со повеќе комапнии. Следниот чекор е склучување соработка со повеќе фризерски салони. А, првите две перики што ќе се изработат ќе бидат донирани. Симона Србиноска ФОТО: Фросина Насковиќ

Остани поврзан