Крстевски: Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град
- Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 илјади евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град, информираше претпладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски, преку објава на Фејсбук профилот.
Росоман, 22 декември 2025 (МИА) - Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 илјади евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град, информираше претпладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски, преку објава на Фејсбук профилот.
Тој појасни дека се работи за надоместување на штети што земјоделците ги претрпеле од мраз оваа година и од врнежи од град, минатата година.
-Овие средства се наменети за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети. По целосна обработка и комплетирање на документацијата, средствата ќе бидат исплатени на оштетените земјоделци во најкраток можен рок. Општина Росоман продолжува со поддршка на земјоделците и заштита на нивниот труд, напиша Крстевски. свд/вј/
Фото: МИА архива