Крозето: Ситуацијата со Иран ме држи буден ноќе
- - Живеам со оваа војна и нејзините потенцијални последици 24 часа дневно. Принуден сум да знам работи што ме држат буден ноќе - изјави Крозето. Според него, главната причина за загриженост е неизвесноста околу развојот на ситуацијата во наредните недели, како и можниот ефект од кризата врз економијата и секојдневниот живот во Италија.
Рим, 30 март 2026 (МИА) - Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека ситуацијата поврзана со Иран го оптоварува до таа мера што „не може да спие ноќе“, укажувајќи на растечката загриженост во европските престолнини од можна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Како што пренесува „Ла Република“, Крозето нагласи дека е постојано изложен на информации за војната и нејзините потенцијални последици.
- Живеам со оваа војна и нејзините потенцијални последици 24 часа дневно. Принуден сум да знам работи што ме држат буден ноќе - изјави Крозето. Според него, главната причина за загриженост е неизвесноста околу развојот на ситуацијата во наредните недели, како и можниот ефект од кризата врз економијата и секојдневниот живот во Италија.
Крозето посебно посочи дека натамошна ескалација би можела да има директни последици не само врз безбедносната состојба, туку и врз енергетската стабилност и економските текови во Европа.
Слична оценка изнесе и италијанската премиерка Џорџа Мелони, која предупреди дека продлабочувањето на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран може да се прелее и во други региони.
Таа истакна дека продолжената нестабилност може да предизвика сериозни економски и социјални последици, не само во Европа, туку и во африканските земји, кои веќе се соочуваат со различни безбедносни и економски предизвици. ссм/
фото: архива