• петок, 22 ноември 2024

Кристофер Милер пристигна во зградата на Пентагон

Кристофер Милер пристигна во зградата на Пентагон
Вашингтон, 9 ноември 2020 (МИА) - Новиот вршител на должноста министер за одбрана на САД Кристофер Милер пристигна денеска во зградата на Пентагон, околу еден час откако претседателот Доналд Трамп објави дека го разрешил досегашниот секретар за одбрана Марк Еспер. Американските медиуми посочуваат дека Милер дошол во зградата на Пентагон по твитот на Трамп во кој тој објави дека го разрешил Еспер, по што, по нивните политички несогласувања, следувало „нецеремонијално заминување“ на шефот на Пентагон. Милер на функцијата доаѓа од позицијата Директор на Националниот центар за борба против тероризмот. Засега не се соопштени причините за смената на Еспер, но американските медиуми веќе некој период посочуваат дека не бил во добри односи со Трамп, а посебно не му се допаѓало што претседателот на САД често упатувал критики за НАТО. ссм/

Остани поврзан