• понеделник, 23 декември 2024

Кристијан Бејл би го глумел Бетмен и четврти пат, но само со истиот режисер

Кристијан Бејл би го глумел Бетмен и четврти пат, но само со истиот режисер
Лос Анџелес, 29 јуни 2022 (МИА) - Кристијан Бејл го глумеше Брус Вејн / Бетмен во три, доста успешни филмови, во режија на Кристофер Нолан - „Бетмен: Почетоци“ (2005), „Темниот витез“ (2008) и „Бетмен: Подемот на темниот витез“ (2012). Глумецот-oскаровец неодамна изјави дека не би имал ништо против да го облече „темниот костим“ и четврти пат, но само доколку Кристофер Нолан повторно ја земе режисерската палка... - Кристофер Нолан и јас се договоривме тогаш... Си рековме: Ајде да направиме три филма за Бетмен, ако воопшто имаме шанса да направиме толку, и тука ќе застанеме. Па, ако Нолан дојде до замисла за четврти филм и изрази желба и јас да учествувам во тоа, веднаш би ја прифатил неговата понуда, рече Бејл. Иако е под знак прашалник, дали ќе се појави уште еднаш во улогата на „Темниот витез“, Бејл ќе може да се види во друг суперхеројски филм - „Тор: Љубов и молњи“ на продукциската куќа „Марвел“, каде што тој го глуми главниот негативец.  си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=Go8nTmfrQd8

Остани поврзан