• недела, 22 декември 2024

Кристин Харила и нејзиниот водич Тенџин Шерпа за 92 дена ги искачија 14-те највисоки врва

Кристин Харила и нејзиниот водич Тенџин Шерпа за 92 дена ги искачија 14-те највисоки врва

Катманду, 27 јули 2023 (МИА) - Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич од Непал, Тенџин Шерпа станаа алпинистите кои се искачиле на 14 врвови над 8.000 метри за најскоро време, освојувајќи го денеска и К2 во Пакистан.

И двајцата планинари за три месеци, поточно за 92 дена освоија 14 врва. Успехот е одраз на „решителност, тимска работа и упорност“, како што се вели во нивното соопштение.

Инаку, досега околу 40 мажи и неколку жени стигнале до сите 14 највисоки врвови во светот. Италијанскиот планинар Рајнхолд Меснер прв го направи тоа во 1986 година.  си/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан