• петок, 22 ноември 2024

Кристалина Георгиева: Коронавирусот ја става во опасност глобалната економија

Кристалина Георгиева: Коронавирусот ја става во опасност глобалната економија
Ријад, 23 февруари 2020 (МИА) - Епидемијата на новиот коронавирус го загрозува обновувањето на глобалната економија, која е веќе кревка, предупреди денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Таа ја даде својата изјава во Ријад, по завршувањето на дводневната средба на министрите за финансии и на гувернерите на централните банки од земјите на Г-20. - Вирусот Ковид-19, кој претставува светска здравствена вонредна состојба, ја наруши економската активност во Кина и може да го загрози обновувањето, истакна Георгиева. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан