• понеделник, 23 декември 2024

Кривопаланечките пингпонгари најуспешни на бодовниот Телеком мастерс турнир

Кривопаланечките пингпонгари најуспешни на бодовниот Телеком мастерс турнир
Крива Паланка, 27 февруари 2022 (МИА) - Кривопаланечките пингпонгари беа најуспешни на вториот „Телеком мастерс турнир" чијшто домаќин беше Пингпонгарски клуб „Крива Паланка". Натпреварите во машка и женска конкуренција во категорија до петнаесет и до деветнаесет години се одиграа во спортската сала „Бранители 2001". Ана Стојановска и Александар Јакимовски од кривопаланечкиот клуб беа најуспешни. -Ова е петти турнир од серијата Мастерс турнири што се организираат и добро е што сезоната ни почна поприлично успешно. Имавме одлични настапи на турнирите во Нови Сад и Алексинац. На претходните четири Мастерс турнири во Берово освоивме две први места и едно второ со што имаме забележителен успех,  од можни пет медали освоивме четири, од кои три златни и еден сребрен. Можам да кажам дека играчите се во одлична форма и успесите кои ги постигнавме се резултат на напорната работа која се вложи во претходниот период. Но, секако, сезоната е пред нас, продолжуваме и во наредниот период да го даваме нашиот максимум во кој не чекаат навистина тешки натпревари, почнувајки од турнирите во младинските категории па се до натпреварите што ни предстојат во најсилните сениорски лиги во машка и женска конкуренција, изјави претседателот на ППК Крива Паланка Јорданчо Миневски. На турнирот се одиграа натпреварите во категорија У15 и У19, во машка и женска конкуренција. Победник во машка конкуренција до 15 години е Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, а во женска Изабела Ковачовска од ППК Берово. Александар Јакимоски доминираше и во категоријата до 19 години, а во женска конкуренција неприкосновена е Ана Стојановска од ППК Крива Паланка. Двата дена настапуваа околу 50 натпреварувачи. Турниорт е бодовен за рангирање на играчи за репрезентација.ид/свс

Остани поврзан